Семјен: Унгарија ќе стави вето на одлуката на ЕК за Полска
Европската комисија, со активирање на членот 7 од Лисабонсиот договор против Полска поради реформи во правосудството, сериозно го нарушува суверенитетот на таа земја и Унгарија ќе стави вето на таквата одлука, изјави денеска унгарскиот вицепремиер Солт Семјен.
Тој оцени дека е неправедно Комисијата да не преземе ништо кога некои европски држави членки ги кршат европските договори, а покренуваат „политички мотивирани постапки“ против полската Влада.
- Тоа е типичен пример на двојни стандарди. Она што го прави Европската комисија е спротивно на европските вредности. Полско-унгарското пријателство не обврзува да се спротивставиме на потегот на Комисијата на сите форуми, истакна Семјен.
На прашањето дали тоа значи дека Унгарија ќе стави вето на одлуката на ЕК, Семјен одговори потврдно.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол