Македонија
14. September 2015 - 8:43

Семинар „Историски пристап на холокаустот и масовните злосторства на Балканот“

„Историски пристап на холокаустот и масовните злосторства на Балканот“ е тема на семинарот што од денеска до 16 сепември ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија“.

На семинарот ќе учествуваат 35 професори по историја од средните училишта во Република Македонија на кој ќе ги прошират знаењата за холокаустот, геноцидот и масовните убиства на Балканот од повеќе домашни и странски експерти.