Македонија
18. February 2023 - 17:45

Семеен хорор во скопско: Татко и син ги тепале сопругата и ќерката

Полициски службеници од СВР Скопје на 17.02.2023 околу 12:40 часот, привеле син, Н.П.(28) и татко, Р.П.(52), двајцата од скопско село.

- Тие се сомничат дека на 16.02.2023 во семејниот дом физики ја нападнале нивната 46-годишна мајка и сопруга, по што Н.П. физички ја нападнал и неговата 26-годишна сестра, информира МВР.

Како што информираат од МВР, напаѓачите биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.