Селва: Северна Кореја не е способна да ги нападне САД
Северна Кореја не е способна да ги нападне САД со било кој степен на прецизност и иако нејзините ракети имаат дострел, сепак властите немаат потребна способност за раководење, изјави денеска заменик командантот на американскиот здружен Генералштаб, Пол Селва.
- Не сум убеден дека извршеното тестирање на 4 јули покажа дека тие имаат капацитет да ги нападнат САД со било кој степен на прецизност или успех, истакна Селва пред сенатскиот воен комитет.
Пјонгјанг на почетокот на месецов изврши проба на интерконтинентална балистичка ракета, за која некои експерти веруваат дека може да достигне до американските држави Алјаска и Хаваи, а можеби и до американскиот северозападен дел на Тихиот Океан.
Северна Кореја тврди дека оваа ракета може да носи голема нуклеарна боева глава.
Ново на Сител
-
Кој беше лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој беше ликвидиран од страна на израелската војска?
-
Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија