Села: Таравари ја лапна мамката од ВМРО-ДПМНЕ

Зијадин Села од Алијанса за Албанците во интервју за косовскиот медиум Канал 10 изјави дека има дадено свој придонес Албин Курти да стаен премиер на Косово. Учествував во неговата кампања, рече Села во разговор со новинарот на тема расколот во Алијанса и учеството на Самоопределување на Курти со македонски државјани на македонските избори во рамки на коалицијата Вреди. Села оцени дека изборите се критичен период зашто Арбен Таравари „ја лапна мамката од ВМРО-ДПМНЕ, изјави mkd.mk.
Да, точно е, јас учествував во кампањата што се водеше на Косово од страна на партијата на Курти, рече Села.
„Не сакам сега од тоа да правам голема работа и да реплицирам на тој начин во однос на постапките на косовскиот премиер. Но, со право или не, Курти се задолжи во еден-два наврати кон мене. Бев директен учесник во неговата кампања. Јас го направив мојот дел од работата затоа што самиот оценив дека тоа треба да го сторам и да дадам извесен придонес за промени и демократија во Косово“, рече Села како коментар на прашањето поврзано со отворената поддршка што Курти не му ја дава на Села, туку на крилото на Арбен Таравари и опозициската коалиција на Албанците во Македонија.
По интервјуто Села на Фејсбук објави делови од разговорот и наведе:
„На овие избори ризикуваме рециклирање на времињата кога Албанците крвареа. Арбен Таравари ја лапна мамката на ВМРО-ДПМНЕ и ги предаде членовите на Алијанса за Албанците и сите нас, Албанци“ потврди Села за mkd.mk
Ново на Сител
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
