Села: Струшките плажи од петок ќе се враќаат во првобитна состојба
По истекување на времената забрана, 18 септември, за отстранување на објектите од цврста градба од струшките плажи, општина Струга ќе преземе активности за враќање на плажите во првобитната состојба, најави градоначалникот Зијадин Села.
Тој смета дека судот повеќе не треба да се меша и оти од петок веќе немаат судски спор и договорите се прекинати.
- Секој договор што концесионерите го имале дотогаш, значи дека е неважечки сега и судовите не треба да прифатат никакви жалби, рече Села.
Општината, нагласи градоначалникот, ќе ги урива сите објекти од плажите на струшкото крајбрежје, почнувајќи од градот, па се до Радожда.
- Општината потоа ќе ги дава под концесија плажите според законот и стандардите. Да има монтажни објекти и шанкови кои ќе работат само во лето, а градските плажи ќе бидат на граѓаните, без концесија за да можат граѓаните и туристите со пешкир и со влечки да одат и да го искористат тоа што господ ни го дал, изјави Села.
Струшкиот градоначалник рече дека нема да има никаков компромис со концесионерите и оти ќе ги почитува законите.
На 18 септември истекуваат времените мерки со кои Судот во Струга и забрани на локалната самоуправа да презема активности за рушење на објектите на струшките плажи.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Војната може да заврши уште утре доколку Хамас го положи оружјето и ги врати заложниците
-
Трамп го обвини Зеленски за почнување на војната со Русија
-
Без вода дел од ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини
-
Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас
-
Кој беше лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој беше ликвидиран од страна на израелската војска?
-
Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со сончеви периоди