Македонија
9. April 2018 - 16:19

Села не влегува во владата на Заев - в среда прва интерпелација

Два пратеника од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, еден од власта. Формулата од пратенички прашања, Талат Џафери ќе ја примени и во среда на седницата на која треба да се гласа за прашањето за недоврба на Владата на Зоран Заев. Конкретниот распоред  ќе се прави утре по корординација со пратеничките групи и состанок со координатор од ВМРО-ДПМНЕ, потврдува Џафери.  Опозициската партија интерпелацијата за Заев ја поднесе вчера откако пред десет дена партиските органи одлучија да се прекине четиримесечниот бојкот во Спбранието поради апсените за настаните од 27 април.

Според Деловникот, седницата на која се разгледува прашањето за доверба на Владата почнува со образложение од пратеник-предлагач во време траење од половина час.  Пратениците можат да говорат повеќе пати, но вкупно 15 минути.  Координаторите пак, имаат право да се обратат 20 минути. Неизвесно е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе настапува со еден координатор Драган Данев или пак, ќе ја користи досегашната пракса на десетина короординатори.

Пред чинот на самотот гласање право да се обрати ќе има и Заев. Гласањето е на полноќ. За да помине барањето на ВМРО-ДПМНЕ треба да гласаат 61 пратеник. Мицкоски се надева на успех.

Заев во вчерашното интервју за МИА пак, се изјасни дека пролетното будење на опозицијата ќе делува осветувачки и за власта.

-  „Ако опозицијата е во Парламентот, ако опозицијата е силна и разбудена, нема зијан од тоа, опозицијата може да ја направи само подобра власта. Од тоа ќе добијат граѓаните. Во моментот, водиме со некои шест-седум процентни поени.  Веројатно, новото раководство во ВМРО-ДПМНЕ тешко се снаоѓа, веројатно имаме испорачано резултати“.

Тој веќе најави дека е во план да го прошири парламентанротот мнозинство. Место во владата веќе има демократската партија на Турците,се преговара и со двете крила на БЕСА. Иако Заев не ја исклучи можноста и Алијансата на Албанците повторно да се врати во Владата, партијата на СЕла вчера одличила тоа да не се случи бидејчќи, како што соопштија оваа владејчаката гарнитура не е доволно убедлива во својата злаожба за реформи.

„Алијансата за Албанците на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да претходи парламентарен изборен процес“, соопштија од партијата.

Реформските закони од областа на правосудството и контролата на безбедносните служби, иако се најавени за утре, ќе бидат преместени за во четврток.

Новинар: Катерина Нешковска