Села ја напушти градоначалничката функција, негов наследник е Мустафа Забзун

Градоначалникот на општина Струга Зијадин Села денеска поднесе оставка од функцијата, а за негов наследник го назначи Мустафа Забзун.
Градоначалничката функција, Села ќе ја замени со пратенички мандат кој му беше даден од граѓаните на предвремените Парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.
На денешната седница на Совет, тој им се заблагодари на советниците за соработката и им ја соопшти одлуката за тоа кој ќе биде негов наследник.
- Од денес ќе имате нов градоначалник на Струга, кој според Законот ќе ме заменува мене, бидејќи јас ќе бидам пратеник. Дозволете ми да ви се заблагодарам на сите за соработката. Секогаш има подобро, сме можеле и подобро да направиме. Сме дебатирале на различни теми сме презентирале различни идеи, но сме немале моменти со лоши ситуации кои Советот може да го стават во незгодна позиција. Политичките интереси сме ги оставале и сме гласале за одлуки во интерес на граѓаните, рече Села.
Новиот градоначалник на Струга и досегашен советник од партијата на Села, Мустафа Забзун се заблагодари за укажаната доверба и вети дека ќе се потруди да биде успешен во интерес на граѓаните.
На градоначалничката функција Села дојде во 2013 година како кандидат на ДПА, но подоцна се отцепи од партијата и формираше нова политичка партија, Движење за реформи на ДПА.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот вечерва во државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, еден е активен, а 10 се изгаснати
-

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постапка
-

Италија и Балканот се соочуваат со топлотен бран
-

Трамп: Состанок со иранските претставници ќе се одржи утре во Доха
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
-

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници
-

Погребот на Владо Јаневски ќе биде одржан во среда на Градските гробишта во Бутел
