Села: 12 април е можност за да се донесе промена
Заеднички став на сите партии е дека немаме друга опција и дека сите треба да одиме на патот кон ЕУ изјави лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.
– На 12 април одиме на предвремени парламентарни избори. Ние како партија бевме подготвени и за други датуми. Но, 12 април е добар датум за да ја почекаме Шпанија (да го ратификува Протоколот за НАТО), рече Села.
Тој нагласи дека „12 април е можност за да се донесе промена и да се врати демократијата“.
– Да ја вратиме надежта на младите од кои многумина бегаат од државата немајќи услови за живот, немајќи образование, здравствен систем, истакна Села.
Во врска со одржувањето на пописот, Села оцени дека нема причина тој да не се одвива и за време на кампањата и по завршување на изборите.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз