Секс за 50 евра, фетиши поскапо, „златен туш" најскапо: Исповед на сексуална работничка од Скопје
Таа е млада, убава, згодна.По ништо не се разликува од другите урбани девојки, освен по својата професија.Оваа скопјанка е „продавачка на љубов“.
За разлика од илјадници други девојки, оваа скопјанка сама одлучила да се занимава со "најстарата професија".Не е принудена со сила, сама работи без посредници и макроа. Оваа година таа наполни 30 години, а со овој „занает“ започнала да се занимава пред 5 години.
Живее и работи во Скопје.Оваа девојка не сакаше да си го открие својот идентитет во разговорот за српски Телеграф.Но, сепак на температури под нулата, таа храбро застана пред објективот и позираше во долна облека во центарот на Скопје.
-Јас сум сексуален работник, и јас не се срамам. Почнав да се занимавам со оваа професија за да заработам пари. Никој на тоа не ме има принудено.На почетокот беше малку страшно, бидејќи не знаев со кога ќе имам работа и како ќе ги најдам клиентите.Не знаев на каков човек ќе налетам, но подоцна сфатив дека се зависи од начинот како ти сам ќе се поставиш.Во овој бизнис, корисниците на услугите не се бираат, ако имаат пари и можат да платат, сите се добредојдени. Има луѓе кои имаат некои деформитети, кои не се во можност да бидат со нормална девојка, исто така и они се наши клиенти - објаснува "ноќната убавица".
Своите клинти ги наоѓа преку огласи или по препорака.
- Цената на моите услуги е од 50 евра па нагоре. Фетишите се поскапи. Досега не сум сретнала садист или мазохист. Но и да се случи јас ќе си ја одработам мојата задача за тоа и сум платена.Најчудено барање до сега кое сум го прифатила беше кога еден клиент побара "златен туш" (мокрење по неговото тело), раскажува скопјанката.
Со своите клиенти се состанува во хотелски соби, мотели или во стан на клиентот.
На прашањето дали меѓу своите клиенти има политичари, бизнисмени, познати и богати луѓе, таа не сакаше да открие.
Признава дека од овој „занает“ може да се живее убаво, но не открива колку клиенти има во месецот.
Во мое име и во името на моите колеги јавно бараме нашата работа да се легализира со закон, за да ни се овозможи социјална сигурност и здравствена заштита.
- Ова е мојот избор, да бидам сексуален работник.Јас одлучувам што ќе правам со совоето тело, какви услуги ќе давам, вели "ноќната убавица".
- Ние курвите сме непримерна појава за земјата, но сепак вие сеуште ги користите нашите услуги.Понудетени социјална и економска помош. Уште еднаш јавно прашувам зошто сексуалните работници, често се предмет на тортура, исклучени од општеството и која е причината поради што институциите го негираат нашето постоење!?
Фото: Д.Јоциќ/Телеграф.рс
Ново на Сител
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице