Македонија
8. November 2023 - 16:32

Секс скандалот не го спречи да стане Претседател на Граѓанскиот суд

Снимката на која наводно разменува нежности со својата љубовница во просториите на Скопскиот суд не беа пречка за Бесник Авдија да стане нов претседател на Граѓанскиот суд.
За него едногласно гласаа 11 членови на судскиот совет. Знаат дека е вмешан во секс скандал, ама бидејќи нема дисциплинска постапка, не најдоа причина да не гласаат за него
Инаку снимката за судијата Авдија во медиумите  е објавена уште пред 4 години, но оттогаш до сега, судскиот совет не видел потреба да провери со каков интегритет располагаат судиите кои службените простории ги користат за средби со љубовниците.

Интересно е што токму за овој случај судскиот совет минатиот месец добил и претставка но и тоа за нив не е проблем бидејќи нејзината цел била да му наштети на кандидатот за кој имаа полна уста пофалби.

Дел од нив констатираа и дека станува збор за кандидат со докажан интегритет.

Името на новиот претседател на скопскиот Граѓански суд, Бесник Авдија е непознато дури и за Гугл. Да не се вестите во медиумите за неговата снимка со љубовницата која наводно му замерува за работната позиција која што ја има неговата сопруга, за Авдија не може да се најде буквално ништо.

На сајтот на судот зад неговото име стојат точно 34 букви без фотографија. Пишува дека работел имотни и спорови од мала вредност