-->
-->
СЕКС СКАНДАЛ: Стјуардеса во дневник ги пишувала аферите со оженетите пилоти, се пронашол нејзиниот маж
-->
За неколку дена ќе биде позната судбината на една стјуардеса од Холандија како и многу пилоти кои летаат со нејзе. Всушност тогаш ќе се одлучи дали во јавност ќе се објави дневникот во кој таа детално ги пишувала сите свои сексуални средби со колегите.
Омажената стјуардеса на холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија, се нашла во центарот на вниманието откако нејзиниот сопруг го пронашол дневникот во кој 46 годишната стјуардеса ги запишувала деталите од сексуалните дружби со своите колеги во хотелите за време на патувањата.
Сопругот го пронашол дневникот кој бил оставен на нејзиниот компјутер, и видно изнервиран го испратил на неколку новинарски редакции во Холандија.
Очигледно тој сакал во јавност да се објави секој детал кој неговата сопруга го запишала, но кога медиумите се обратиле за коментар во авиокомпанијата, таа се свртела кон судовите и побарала забрана за објавување на дневникот на стјуардесата.
Судиите на локалниот суд во Хаг во врска со иднината на овој дневник ќе одлучуваат на 24 октомври.
Адвокати на авиокомпанијата ќе го тужат сопругот на стјуардесата бидејќи наводно, го пратил дневникот на трети лица, најверојатно вработени во авиокомпанијата.
Со ова не само што до прашање е доведен угледот на споменатата стјуардеса туку и многу други вработени, воглавно пилоти кои се оженети, но и угледот на самата компанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево