Секоја среда и петок дезинфекција на Кривичен суд – Скопје
Судници, ходници, санитарни јазли, шалтери и сите останати простори во новата и стара зграда на Кривичен суд – Скопје, денеска и во петок на 20 март ќе бидат темелно дезинфецирани, информираат од Кривичниот суд – Скопје.
– Согласно препораките на Владата на РМ овие дезинфекци ќе се вршат секоја среда и секој петок се додека постои потреба. Воедно за заштита од ширење на корона вирусот како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска, се наведуваа во соопштението на Кривичниот суд.
Оттаму упатуваат апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата.
Судот во текот на денот ќе ја информирма јавноста во однос на одлуката на Судскиот совет за сите закажани итни и неодложни судења во следниот период.
Ново на Сител
-
Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни
-
Фидан: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж
-
Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација
-
Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам
-
Обвинети во притворен центар во Русија зеде двајца полицајци како заложници
-
Најмалку 10 луѓе, меѓу кои и деца, се застрелани во приградски воден парк во областа Детроит
-
Сончево и топло со локална облачност, температура до 35 степени
-
Сиљановска Давкова ќе се обрати на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток, Швајцарија