Македонија
15. July 2022 - 12:27

Секој втор тест за ковид во Гевгелија е позитивен

Речиси половина од ковид тестoвите што се прават во Гевгелија се позитивни.  Ваквите проценти ја  сместуваат  општината   меѓу првите неколку во државата со највисока инциденца на заразеност со ковид 19. Од гевгелискиот центар за Јавно здравје не се изненадени со оваа  состојба. Велат тоа било очекувано бидејќи се наоѓаме во период на годишни одмори, но и исто така влијание имал и фактор што Гевгелија е погранично место со голема фреквенција .

И покрај растот на бројките, епидемиологот Олумчев вели добро е што  сите нови случаи кај нив се со лесна симптоматологија и без некоја сериозна клиничка слика.

Во меѓувреме и во Гевгелија веќе започна аплицирањето на четвртата доза на вакцините за која имало интерес, пред од  повозрасните граѓани.