Бизнис
22. April 2020 - 16:53

Секој четврти работник има намалена плата

Дури 78% од работниците во земјава се лично погодени од корона кризата. Секој четврти работник во земјава има намалена плата. Исто толку работници веќе добиле најава дека платата ќе им биде намалена. Ист е вкупниот процент и на работници кои се на принуден одмор или отпуштени од работа. Поразителните резултати ги покажува анкетата за квалитетот на животот спроведена од институтот Фајнанс Тинк е спроведена овој месец на примерок од 520 испитаници.

Сведување на трошењето на минимум е една од опциите која ја одбираат Македнците за да ја преживеат кризата. Секој втор анкетиран рекол дека ќе троши минимално, секој трет ќе чепне во заштедата. 26% очекуваат помош од државата 15% ќе работат за било каква плата, а речиси исто толку ќе бараат пари од пријатели.

Но, сериозен проблем имаат не само работниците туку и самовработените односно малите бизниси . Над половина од нив имаат пад на прометот, половината веќе затвориле.

Петрески вели дека и на едните и на другите им треба помош од државата.

Државата веќе понуди план за спас на економијата кој треба да ја зачува ликвидноста на фирмите и работните места.