Сеќавање за Томе Арсовски и Димитар Солев во НУБ
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје денеска организираше манифестација во сеќавање на двајца македонски писатели - по повод 90 години од раѓањето на Томе Арсовски (1928-2007) и 15 години од смртта на Димитар Солев (1930-2003).
- Солев беше најчитаниот прозаист во мојата младост и за мене тој е книжевен класик во македонската литература. Прозата на Солев да ја читате на кој било јазик - ефектот е ист. Се работи за еден голем мајстор на зборот, со големо знаење на писателскиот занает, рече писателот Александар Прокопиев на настанот кој НУБ го наслови „Омаж за едно раѓање и едно умирање“.
Тој се присети на првата средба со текст од Димитар Солев, кога додека бил средношколец на радио слушал монодрама. Рече дека со неговиот модерен сенс, духовитоста и единственоста во стилот, се издвојувал од другите лектирни автори.
Зборувајќи за творештвото на Томе Арсовски, писателот Благоја Иванов се присети на нивното дружење во 1950-тите години кога бил формиран и активен Клубот на млади писатели и кога бил зародишот на реализмот и модернизмот во макеоднската литература.
- Томе ја раздвижи состојбата во театарот. Се појави прво како поет со пријатни и убави песни кои говореа за човештината. И одеднаш, во 1958 година, во Прилепскиот театар се појави неговата драма „Александра“. Нејзиниот успех го поттикна да се занимава со драма и во Радио Скопје почна да работи на емисијата Радиодрама која беше доста слушана. Тоа беше поттик да се развие драмската литература. По отворањето на Телевизија Скопје, Арсовски беше првиот вработен драматург, рече Иванов.
Спомени од пријателството со двајацата книжевници сподели и поетот Михаил Ренџов. - Со нивната творечност тие придонеса во вечноста и станаа бесмртни. Овде, во витрините, се изложени нивните книги. Но тие нека бидат почесто во рацете на читателите, порача Ренџов.
На настанот се обрати в.д. директорката на НУБ Сенка Наумовска, а актерите Лилјана Велјанова и Емил Рубен прочитаа извадоци од книги на писателите - од романот „Кратката пролет на Моно Самоников“ на Солев и од драмата „Парадоксот на Диоген“ на Томе Арсовски.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови