Сека му благодари на Бога за синот, еве што направи со подароците за Јаков

Сека Алексиќ одлучи да усреќи дечиња кои немаат родители или деца кои имаат само мајки.
На адресата на пејачката пристигнаа десетина пакети за синот Јаков, но и покрај тоа што таа сето свое внимание го насочи на својот првенец, Сека Алексиќ не заборава дека и натаму ќе остане ангажирана кога станува збор за хуманитарни акции.
Пејачката реши во хуманитарни цели да ги даде поголем дел од подароците кои ги доби за Јаков.
-Сека не сака да зборува за своите хуманитарни потфати. Сека сака несебично да им помага на другите и тоа ја прави среќна. таа секогаш својата среќа ја делеше со другите. По породувањето доби голем број подароци, а повеќето работи ќе ги даде во хуманитарни цели, на децата без родители или мајки кои не се вработени, вели извор близок до пејачката.
Инаку Сека се огласи прв пат по породувањето преку својот профил на Инстаграм:
-Не може да се опише чувството да знам дека постоите во толкав број и дека сте со мене! Многу често ме прашувате зошто не го фотографирам бебето? Нема да го правам тоа, сметам дека засега нема потреба. Мислев дека ги сакам сите луѓе на овој свет, дека сум исполнета и дека ширам љубов и дека повеќе да сакам и да бидам исполнета не би можела да бидам. Се трудев да живеам така и по советот на мојот духовен татко. Кога на свет дојде нашиот ангел, дури тогаш спознав што значи безусловна љубов! Благодарам на Бога на дарот кој го добивме од него!, напиша таа во описот на фотографијата што ја постави на која таа позира со својот сопруг Вељко Пиљкиќ.

Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
