-->
-->
Сејдин: Наша должност е да продолжиме по патот кој Ѕинго го трасираше, да се грижиме за македонскиот фудбал.
-->

Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја.
Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов - Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник и прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
За претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (ФСМ) беше избран на 7. февруари 1993 година. Под негово водство, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправен член на најважните фудбалски организации, ФИФА и УЕФА. Како претседател на ФСМ ја предводеше македонската делегација и нашиот национален состав на првиот официјален натпревар на А репрезентацијата на Македонија во Крањ, Словенија во 1993 година.
„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов - Ѕинго, а навистина е беспредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.
Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.
Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов - Ѕинго.
Нашите мисли сѐ со Вас.
Муамед Сејдини
Претседател на Фудбалска федерација на Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
