Ракомет
17. March 2021 - 20:27

СЕХА: Вардар поразен во Нашице

Ракометарите на  Вардар се поразени  кај Нексе во Нашице со 36-32  на третата позиција на табелата во СЕХА лигата која носи осминафинале, наместо четвртфинале.
Во поголемиот дел беше резултатски израмнето иако црвено – црните лошо започнаа и дозволија противникот да поведе со 5-0 но по првиот гол од игра во 10-тата минута Вардар се разигра  и стигна до израмнување 5-5 кое беше актуелно се до 22-22 кога гостите застанаа и Хрватите тоа го искористија да се одлешат на плус три што во продолжение значеше и повисоко водство од 5 гола кое ги однесе до конечна победа. 
Јунак на мечот беше голманот на Нексе Морено Цар, кој запиша 16 одбрани. Кевиќ и Јагањац имаа по осум гола. Во Вардар најефикасен беше  Дибиров со девет гола, пред Гаџа со шест.