СЕХА: РК Загреб со нов тренер против Вардар
Раководството на хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб спогодбено ја раскина соработката со тренерот Силвио Ивандија на чие место дојде Славко Голужа.
Силвио Ивандија повеќе не тренер на ППД Загреб, објави клубот на својата интернет страница. Тренерот и клубот договориле во понеделникот соработката спогодбено да биде раскината.
ПДД Загреб, исто така, објави дека до крајот на сезоната екипата ќе ја предводи поранешниот хрватски селектор Славко Голужа, кој од наредната сезона ќе биде тренер на Татран Прешов.
Првиот предизвик кој стои пред Голужа е завршниот турнир во СЕХА лигата, кој одпеток до недела ќе се игра во белорускиот град Брест.
ППД Загреб во првото полуфинале на звршниот турнир за противник ќе го има најдобриот тим во регуларниот дел на сезоната, македонскиот шампион Вардар.
Ново на Сител
-
Ставил рампа и наплатувал 90 минути паркинг за 50 денари на јавно земјиште во Чаир
-
Јужнокорејскиот премиер ќе работи „до последен момент“ додека се зголемуваат повиците претседателот да поднесе оставка
-
Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот
-
Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана
-
НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади
-
МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
-
Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица
-
Седница на Уставен суд