-->
-->
СЕХА: Пресуди деконцентрацијата на Дибиров
-->
Ракометарите на Вардар несфатливо го загубија финалето во СЕХА лигата со Веспрем со 28-26 и дозволија Унгарците не само да го одбранат трофејот во регионалното натпреварување туку и да освојат пол-позиција пред двомечот во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.
Црвено-црните одлично го започнаа мечот а на 5-6 минути до крајот имаа водство од 25-24 и топка во аут. Дибиров направи почетничка грешка при изведувањето на аутот и наместо да го зголемиме водството на недостижни два гола разлика дозволивме серија од 3-0 на противникот и водство од 27-25 откако претходно на 26-25 Дибиров од чиста позиција не реализираше „зицер“ дозволувајќи му на Алиловиќ да му ја фати топката.
Потоа Циндриќ намали на 27:26, а Карачиќ наместо да израмни, направи фаул во напад. Унгарците дадоа уште една шанса, но Циндриќ биеше во пречката. Кога Наѓ погоди за 28:26, се чини дека веќе беше се готово. Циндриќ промаши втор пат по ред, а до крајот остана истиот резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Лишено лице од прилепско кое пукаше со оружје | ВИДЕО
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск
-
Протести низ Европа против Трамп
-
Претежно облачно и студено време со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија