-->
-->
СЕХА: Металург домаќин на Горење
-->
Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладнево го игра последниот натпревар на домашен терен во СЕХА лигата. Во Скопје ќе гостува словенечкиот тим Горење, екипа која во првиот натпревар го победи Металург на домашен терен со 23:18.
Металург сезонава во СЕХА лигата досега постигна четири победи, а три ги оствари на домашен терен (Загреб, Извиѓач и Татран), додека нерешено одигра со Нексе. До крајот на лигашкиот дел металург ќе одигра уште два натпревара на гости (Извиѓач и Нексе).
Екипата на Горење на сите седум натпревари одиграни на гости претрпе порази во СЕХА лигата.
Табела: Вардар 44 бодови, Веспрем 41, Загреб 31, Цеље 30, Мешков Брест 29, Нексе 15, Металург 13, Горење 12, Татран Прешов 10, Извиѓач 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата