-->
-->
СЕХА лига: Вардар третпат во финалето преку Загреб
-->

Ракометарите на Вардар со победата над ППД Загреб од 26:24 се изборија за уште едно финале во СЕХА лигата. Вардар во финалето ќе игра против шампионот на натпреварувањето Веспрем. Македонскиот првак ќе го игра своето четврто финале во ова натпреварување.
Вардар во поголемиот дел од натпреварот имаше предност од 1-2 гола разлика, а Загреб само во неколку наврати имаше водство.
Најефикасен кај Вардар беше Дејан Манасков со 6 голови, а пет постигна Алекс Душебаев.
Во првото полуфинале Веспрем по изведување пенали го победи Мешков Брест со 24:21.
Во недела во финалето од 19 часот ќе играат Вардар - Веспрем, додека од 16:30 часот е дуелот меѓу Загреб и Мешков Брест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
