-->
-->
СЕХА лига: Вардар против Загреб - битка за финале
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 20:30 часот ќе се бори за своето четврто финале во СЕХА лигата. Ривал на „црвено-црните“ е хрватскиот првак ППД Загреб. Ова се воедно двата најуспешни тима во ова натпреварување бидејќи по петтипат играат во завршницата на 5.тиот „фајнл фор“ турнир. Вардар има две титули (2012 и 2014 година, а Загреб 2013),а и двете екипи оваа сезона ќе играат и во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
На ланскиот завршен турнир на кој победи Веспрем, Вардар и Загреб играа во дуелот за 3.место, а поуспешен беше хравтскиот шампион (26:23).
Ракометарите на Вардар вчера имаа тренинг во Варажадин, а на вечерашниот дуел се очекува да имаат поддршка и од околу 100-тина навивачи. Се очекува тренерот Раул Гонзалез со комплетен состав да настапи против Загреб.
Во првото полуфинале актуелниот шампион Веспрем важи за фаворит против белоруската екипа Мешков Брест. Почетокот на овој дуел е во 18 часот.
Победниците од денешните дуели ќе играат во финалето во недела кое почнува во 19 часот, додека поразените ќе играат во натпревар за 3.место со почеток во 16.30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран