Ракомет
5. February 2016 - 23:18

СЕХА лига: Победа на Вардар за прво место

Ракометарите на Вардар и Борац одиграа ефикасен натпревар во СЕХА лигата, а македонскиот првак победи со 42:31. Беа постигнати вкупно 73 голови.

Со овој триумф Вардар повторно изби на чело на табелата во СЕХА лигата со 37 бодови, пред Веспрем кој има 34.