Ракомет
20. March 2017 - 12:21

СЕХА лига: Брест домаќин на Ф4 турнирот

Завршниот турнир во СЕХА лигата ќе се игра во белорускиот град Брест од 7 до 9.април објави денеска раководството на лигата.

Со пласманот на екипата на Мешков Брест турнирот ќе има и еден вид домаќин, бидејќи не извесно беше каде ќе се одржи завршниот турнир.
Во борбата за пехарот ќе играат истите четири екипи како и лани, а полуфиналните двојки се: Веспрем (актуелен шампион) - Мешков Брест и Вардар (најдобропласирана екипа во регуларниот дел) - Загреб.
Термините (саатници) дополнително ќе бидат објавени.