СЕХА: Фуриозна игра на Металург

Металург со убедлива победа ги заврши настапите во регионалната СЕХА Газпром лига, откако со 39:20 (19:7) го растури тимот на Војводина во „Борис Трајковски“. Мечот немаше никакво резултатско значење, бидејќи на тимот од Нови Сад му беше гарантирано шестото место, а Металург завршува како претпоследен, на деветтото место.
Сепак, огромната победа е мала одмазда против Војводина по тесниот 31:30 пораз на гостувањето во Нови Сад. Мечот започна со неверојатна низа на Металург од 5:0 и 10:1, за на полувреме македонскиот вицешампион да има предност од дури 12 гола разлика (19:7). Темпото остана исто и во второто полувреме, и на крајот се чекаше само конечната разлика.
Мице Шилегов, Мартин Серафимов, Бојан Маџовски и Михајло Младеновиќ имаа по шест гола за Металург, додека кај гостите најефикасен беше Босанецот Ален Овчина со осум голови.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
