Loading Video...
Ракомет
3. September 2022 - 20:03
СЕХА: Е. Пелистер силно мотивиран за дуелот со Нексе
Ракометарите на Пелистер не успеаја во премиерниот настап во СЕХА лигата да обезбедат финале откако беа убедливо поразени во полуфиналето од унгарскиот гигант Веспрем. ОСтанува утре во малото финале со Нексе да го поправат впечатокот и го освојат 3. Место во регионалната лига.
Македонскиот претставник во регионалната ракометна СЕХА лига, Еурофарм Пелистер одигра лош меч во дуелот со силниот Веспрем кој на крајот забележа убедлива победа од 41-27. СЕпак битолчани се убедени дека можат да одиграат многу подобро и да го совладаат хрватскиот претставник Нексе кој во полуфиналето го загуби дуелот со Загреб.
Се надевавме дека можеме да пружиме повеќе, ама најдобро е да го заборавиме натпреварот. Треба да се насочиме кон натпревар за третото место, каде што имаме шанса за успех бидејќи сме тука некаде со Нексе изјави денеска голманот Марко Кизиќ.
Со респект за следниот противник говори тренерот на битолчани Ларс Валтер кој ќе игра против својот некогашен ученик тренерот на Нексе,Бранко Тамше „Нексе Нашице е одлична екипа, долго време се заедно и воиграни се со тренер како Тамше. Ние мора да одиграме подобро и посмело од синоќа и убеден сум во таква реакција на тимот- смета тренерот Валтер.
Средбата Е. Пелистер – Нексе се игра во недела од 16.30ч во Задар додека големото финале помеѓу Веспрем и Загреб е во 19ч.
Од СЕХА лигата уште информацијата дека Михајло Михајловски се повлече од функцијата претседател, Зоран Стерјев е нов член на Управниот одбор додека Марјан Начевски и натаму останува Комесар на натпреварувањето.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->