-->
-->
Сега ќе знаете ако некој го користи вашето име и профил фотографија на Фејсбук
-->

Лажните профили и лажното претставување, вознемирување, навредување се огромни проблеми за фејсбук, па оваа друштвена мрежа со новата опција одлучи да стави крај. Всушност, фејсбук започнал со тестирање на нова опција која би требало да помогне во откривањето и отстранувањето на лажните профили.
Новата опција на фејсбук ја открил Антигон Дејвис, шеф на одделот за безбедност во оваа компанија.
Процесот е автоматски, алгоритми ќе бидат во можност да препознаат „трол“, односно лажен профил кој имитира вистински човек и со тоа предизвикува штета. За да потврди дека се работи за лажен профил, Фејсбук ќе побара од сопственикот да ги провери информациите.
Очигледно, оваа опција е воведена поради бројните случаи на виртуелна злоупотреба, особено на жените, кои поради тоа што некој се претставува во нејзино име имаат гоелми непријатности.
Новата опција е достапна во 75 проценти од земјите, а Фејсбук работи на тоа да биде достапна насекаде.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?