Бизнис
15. November 2018 - 19:19

Седумстотини апликации пристигнати до фондот за иновации

Фондот за иновации денеска пред бизнисмените во Прилеп го презентираше јавниот повик за поддршка на старт ап и спин оф друштва. Повикот се реализира со заем од Светска банка, а за него биле обезбедени 1 милион евра. 85% од проектот финансира Фондот, а 15% самите апликанти. Грантовите се максимум до 30.000 евра.
 
-Се занимаваме претежно со изработка на мебел. моментално овој проект е интересен во делот за искористување на обновливи извори на енергија, искористување на отпадокот, кој може повторно да се искористи како отпадоци од дрво или сунгер кои се користат во самото производство, рече Дејан Илов, производител на мебел.
 
Право на апликација на овој јавен повик имаат сите новоосновани микро, мали и средни претпријатија, не постари од 6 години, кои немаат годишен приход поголем од 1 милион евра и треба да се со доминантна македонска сопственост.
 
-Најпрвин го оценуваме квалитетот на самиот проект, потоа неговиот пазарен потенцијал, колку тој може утре да се комерцијализира на пазарот, ги цениме, ангажираните луѓе во проектот, односно капцитетот на проектниот тим и го цениме влијанието на проектот од сите аспекти“,истакна Бранислав Маркоски, Фонд за иновации и технолошки развој.
 
Повикот бил активен до 11 декември, а досега имало над 700 апликации.