Македонија
17. July 2017 - 14:08

Седумнаесет војници повредени при експлозија во Турција

Вкупно 17 турски војници се ранети денеска при експлозија на бомба поставена од страна на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), на пат во југоисточниот дел на Турција.

Според вепни извори, четворица од ранетите војници се во критична состојба. 

Експлозивната направа била активирана кога крај неа минувало воено возило. 

Инцидентот се случил во регионот на Јуксекова во округот Хакќари.