Балкан
13. December 2018 - 9:53

Седуммина загинати во железничката несреќа во Турција

Смртниот биланс од денешната железничка несреќа во Турција се искачи на седум лица, јави НТВ.

Меѓу загинатите е и машиновозачот, а во инцидентот се повредени 46 лица.

Брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. При несреќата, која се случи во 6.30 часот по локално време, два вагони од возот излетале од шините, јави Анадолија.

Министерството за транспорт и инфраструктура соопшти дека локомотивата, која извршувала инспекција на пругата, не требало да се наоѓа таму во моментот на несреќата.
Анкарското обвинителство отвори истрага за случајот.