Седуммина полицајци повредени во протестите пред Собранието
Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори.
Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани.
Медицинскиот тим интервенирал по барање на полицијата.
Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.
Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.
Протестот беше организиран преку социјални мрежи.
Ново на Сител
-
За три години во Албанија убиени 32 жени
-
Ослободен е мажот кој 21 година бил заробен во Сирија
-
Сиљановска-Давкова: Не смееме како досега да останеме мирни во однос на црните листи, Обвинителството да постапи по допрен глас
-
САД покренаа обвиненија за воени злосторства против двајца поранешни воени лица на Сирија
-
СВР Скопје заплени повеќе од 40.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар
-
Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето на систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето
-
Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД
-
Повеќе од 100 убиени при воздушен напад врз пазар во суданската провинција Северен Дарфур