-->
-->
Седумгодишно дете од Русија доби покана да служи војска
-->

Семејството од рускиот град Усуриск претрпело шок кога на нивна адреса дошла покана нивниот седумгодишен син да се пријави во војска.
Семејството на Саша Гумењук ја објавило поканата за првооделенецот на социјалните мрежи со саркастичен коментар дека ќе ја „исполнат наредбата“.
Локалните медиуми од овој град на далечниот исток на Русија ги контрактирале воените власти, кои велат дека се работи за грешка во запишување на годината на раѓање.
Детето за локалниот порал Усурмедиа рекло дека жали што овојпат мора да ја одбие поканата да го отслужи воениот рок. Негов сон, рекол Саша, е да стане полицаец кога ќе порасне.
Во Русија, секој машки граѓанин кој ќе наполни 18 години мора да отслужи едногодишен воен рок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
