Македонија
5. November 2017 - 13:17

Седумдневна обука за медиумска писменост како чекор кон инклузивно општество

Вкупно 29 новинари, социјални и младински работници од Македонија, Данска, Бугарија, Грција, Летонија, Шпанија, Словачка и Италија учествуваат на седумдневната обука „Медиумска писменост: чекор кон инклузивно општество“ што до 7 ноември се одржува во Струга.

Организатори на обуката се Волонтерскиот центар Скопје и Европскиот центар за медиуми на зедниците во Архус од Данска, со поддршка на Данската национална агенција за програмата „Еразмус плус“  на Европската Комисија.

Целта на обуката, според организаторите, е креирање поголема толеранција кон културните различности низ Европа, како и развивање критички однос врз пропагандните медиумски производи.