Седумдесет и четири години од смртта на партизанката Мара Димова – Анка

Седумдесет и четири години од смртта на партизанката Мара Димова – Анка беа одбележани денеска во Кавадарци.
- Мара Димова, која го добива паризанското име Анка, е родена во Кавадарци во 1918 година. Потекнува од сиромашна земјоделска фамилија, која не била во состојба да и овозможи нормално образование. Млада се вработува како тутунски работник во монополот. Се вклучува во напредното младинско движење, а зема активно учество во штрајкот на монополските работници во април 1941 година. Истата година станува член на Скоевската група во Кавадарци предводена од Стефан ХаџиТефов-Феткин, рече Марија Михова, историчар во Музеј на град Кавадарци.
Михова додаде дека по формирањето на Одредот „Добри Даскалов”, во куќата на Мара се изработува облека за партизаните.
- Меѓу првите борци кои се вклучуваат во одредот „Добри Даскалов” е и Мара Димова. Таа е една од најистакнатите членови на АФЖ во Кавадарци. Во борбата што Втората македонска бригада ја води со германските војници на планината Бигла на 18 април 1944 година е тешко ранета. На 12 мај 1944 година Мара Димова - Анка, им подлегнува на повредите,рече Михова.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
