Седум сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје, три лица повредени
Три лица се здобиле со полесни телесни повреди во две од вкупно седум сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во пет е причинета материјална штета.
Како што информира за МИА Драган Вељаноски, самостоен инспектор во СВР - Скопје, сообраќајната полиција открила и санкционирала шест возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, тројца возачи се исклучени од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 11 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 54 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 64 возила.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Војдан Чернодрински“ со учениците од второ и четврто одделение кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.
Ново на Сител
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата
-
Вонредна инспекција во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња