Балкан
10. August 2015 - 8:15

Седум повредени во напад врз полициска станица во Истанбул

Седум луѓе - петмина полицајци и двајца цивили беа ранети во бомбашки напад врз полициска станица во Истанбул, јави Анадолија.

Цел на нападот со автомобил бомба била полициска станица во истанбулскиот реон Султанбејли.

Од ескплозијата е предизвикан пожар и урнат е дел од триспратната зграда на полицијата. Оштетени се околни згради и дваесетина паркирани возила.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот извршен во момент на тензии меѓу турските сили за безбедност и бунтовниците од ПКК.