-->
-->
Седум мобилни тима на Црвениот крст на ГП Гевгелија и Табановце
-->
Црвен крст на град Скопје со поддршка на Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ Република Македонија.
На терен Црвениот крст е вклучен со седум мобилни тима кои ги обезбедуваат двата гранични премини, во Гевгелија и во Табановце. Тимовите се составени од лекари и членови на Црвениот крст кои одлично ја познаваат Првата помош. Вкупниот број лица во тимовите изнесува 41, а во целата операција се вклучени и 30 вработени од Црвен крст.
Мобилните тимови се на терен 24 часа во три смени.
Во период од 04-06 септември дистрибуирани се 3.160 шишиња вода, 466 пакети храна, 87 хигиенски пакети, 36 бебешки пакети, 279 ќебиња, а извршени се 1.696 медицински интервенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро