Седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје
Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во две сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје полицијата исклучила 17 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, девет возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници и 13 нерегистрирани возила.
Казнети се и 76 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 57 возила.
Санкционирани се и девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за неправилно престројување, тројца возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, седум возачи за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години