Седум кандидати во трка за претседател на државава
На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори, што почна на 23 февруари. Официјално во трка се седум кандидати за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи на 24 април годинава.
Според податоците од ДИК, од 7 март до 20 часот, од 15-те пријавени кандидати за собирање потписи за претседателските избори, досега потребните 10.000 потписи ги собраа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ кој има 22.412 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ - 28.086, Бујар Османи од ДУИ - 11.085, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди - 10.710, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски - 11.290, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија - 11.605 и Билјана Ванковска Цветковска од Левица - 10.559 потписи.
Сите останати кандидати имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 2.778, Вело Марковски – 1.634 потписи, Ѓорѓи Манасков – 488, Зорица Цветковска – 284, Господин Попоски 145, Гоце Ристов - 6 и Драган Николовски 6 потписи. Досега, според ДИК, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.
Собирањето потписи се одвиваше во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.
Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.
Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.
Ново на Сител
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров
-
Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак