Седници на три собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство, Комисијата за европски прашања и Комисијата за транспорт, врски и екологија.
На дневен ред на Комисијата за здравство се неколку законски решенија во прво читање како што се предлог-измените на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, Законот за јавно здравје, Законот за безбедност на козметичките производи и Законот за здравствена и санитарна инспекција.
Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат за Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, Предлог-законот за лобирање и измените на Законот за квалитетот на амбиенталниот воздух, сите во прво читање.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа Предлог-измените на Законот за внатрешна пловидба, на Законот за јавна чистота, на Законот за генетски модифицирани организми, на Законот за заштита од бучава во животната срединa.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
