Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Македонија по скратена постапка, во второ читање, а пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, во скратена постапка во второ читање.
Овој закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија, која ќе ги разгледа и Предлог на законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2021 година, по скратена, во второ читање и Предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Македонија, исто така, по скратена постапка, во второ читање.
Ново на Сител
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
