Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија, Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по измените на Законот за управување со отпадот, на Законот за животна средина, на Законот за електронските комуникации, на Законот за електронско управување, како и измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање.
На дневен ред на оваа Комисија се и измените на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, измените на Законот за внатрешна пловидба, на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за сигурност во железничкиот систем, како и на измените на законот за градежно земјиште, сите во второ читање.
Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе дебатираат за измените на Законот за безбедност и здравје при работа, на Законот за социјална заштита, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и за измените на Законот за заштита на децата, сите во второ читање.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
