Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт и за транспорт, врски и екологија.
На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се измени на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Предлог-закон за приватните агенции за вработување, двата во второ читање, како и измените и дополнувањата на Законот за работните односи, во прво читање.
Членовите на Комисијата за образование и наука ќе расправаат за измени на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, измени на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, двата во прво читање, поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство, како и Предлог-закон за поддршка на млади при купување на музички инструменти, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање, во прво читање, поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство, како и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2017 година, Предлог - одлука за одобрување на Годишниот извештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2017 година, како и годишните извештаи за работата на Агенцијата за пошти, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за работата на Македонската радио телевизија за 2017 година.
Ново на Сител
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
-

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток
-

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже
-

Дизел горивата поскапуваат за половина денар
-

Аудито на Мерко од 67.000 евра оди на надавање, почетна цена 10.000 евра
-

Во јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, приведени 74 лица за безобѕирно управување на возило
