Седници на седум собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за одбрана и безбедност, за здравство, за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог-законите за изменување на законите за производство и промет на вооружување и воена опрема, за управување со кризи, за пожарникарството, за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, во второ читање.
Комисијата за здравство треба да дебатира за Предлог-законот за дополнување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, по скратена постапка, во второ читање, а Комисијата за транспорт за предложените измени на законите за управување со пакување и отпад од пакувањето, за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, за управување со отпадот, за заштита на природата, за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, за животната средина, за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, за градење, исто така по скратена постапка во второ читање.
Предлог - законите за изменување и дополнување на законите за тутун и тутунски производи, за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за квалитет и безбедност на ѓубриња, биосимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, за органско земјоделско производство, по скратена постапка се на дневен ред на Комисијата за земјоделство. Членовите на таа Комисија треба да се изјаснат и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за рибарство и аквакултура, за вршење земјоделска дејност, за производи за заштита на растенијата, по скратена постапка, за виното, по скратена постапка......
Комисијата за образование ќе ја продолжи расправата за предлог на законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“. На седницата на Комисијата за политички систем, пратениците ќе расправаат по единствената точка за предлог на законот за нотаријат
За повеќето точки од дневниот ред на закажаните седници на комисиите треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
-

УХМР: Во вчерашното невреме на повеќе локации во државата беа регистрирани оркански удари на ветер, што претставува редок и разорувачки метеоролошки настан
-

Мицкоски за штетите од невремето: Имаме механизми за помош, никогаш не сме ги оставиле граѓаните да се снаоѓаат сами
-

Над 30 повредени во силното невреме што вчера го зафати Скопје
-

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години
-

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите, владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција
-

Сали: Евроинтеграцијата бара заедничка одговорност и консензус, политичките разлики не треба да ги блокираат реформите и придобивките за граѓаните
-

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот
