Седници на повеќе собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, образование и наука, за европски прашања, за здравство, за прашања на избори и именувања и за одбрана и безбедност.
Комисијата за одбрана и безбедност, која од четвртокот беше одложена за денеска, треба да расправа за предлог-законите за следење на комуникациите и за ОТА, како и за измените и дополнувањата на Законот за оружјето, во прво читање, кој е со европско знаменце. Овие измени се на дневен ред и на собраниската седница на Комисијата за европски прашања.
Пратениците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ја утврдат Предлог - одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Тие исто така треба да гласаат за одлуки за промена на составот на пратеничките групи на Собранието со парламенти на други држави и на собраниски комисии.
Комисијата за култура ќе расправа за Предлог - националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година, со Акциски план за имплементација на Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија за периодот 2018 – 2022 година, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за здравство се измените на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за лековите и медицинските средства, сите поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство и во второ читање.
Ново на Сител
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
