Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Импресум
  • Маркетинг
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Македонија
8. July 2019 - 8:21

Седници на пет собраниски комисии

Tweet

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска закажани се седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак ќе расправаат по Годишниот извештај за работа на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2018 година

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за изменување на Законот за прекршоците во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2018 година.

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледаат измените на Законот за прекршоците, на Законот за празниците во Република Македонија, Барањето за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Законот за административни службеници поднесено од градоначалникот на Општина Карпош, Барање за давање на автентично толкување на член 83 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесено од пратеникот Никола Мицевски, Барање за давање на автентично толкување на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесено од градоначалникот на Општина Радовиш и Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање. 

 
 
Tweet

Македонија

  • На состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, утврдена потребата за формирање работна група за измени на Законот за еднакви можности

  • Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот

  • Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани

Популарно од Македонија

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Сите државни патишта проодни и безбедни за...

    21.01.2026
  • Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на...

    22.01.2026
  • Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му...

    22.01.2026
  • Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во...

    21.01.2026
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот

  • Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани

  • Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното

  • Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта

  • Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски

  • СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција

  • Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци

  • Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2026 Сител Телевизија