Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Импресум
  • Маркетинг
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Македонија
8. July 2019 - 8:21

Седници на пет собраниски комисии

Tweet

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска закажани се седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак ќе расправаат по Годишниот извештај за работа на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2018 година

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за изменување на Законот за прекршоците во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2018 година.

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледаат измените на Законот за прекршоците, на Законот за празниците во Република Македонија, Барањето за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Законот за административни службеници поднесено од градоначалникот на Општина Карпош, Барање за давање на автентично толкување на член 83 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесено од пратеникот Никола Мицевски, Барање за давање на автентично толкување на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесено од градоначалникот на Општина Радовиш и Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање. 

 
 
Tweet

Македонија

  • Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек

  • Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана

  • Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно

Популарно од Македонија

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес...

    05.02.2026
  • Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС...

    05.02.2026
  • Командирот на ППЕ Кочани: Гореа плафонот, шанкот...

    05.02.2026
  • Филипче пресмета од каде да се скрати за да се...

    05.02.2026
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек

  • Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек

  • Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада

  • Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор

  • Преглед на вестите од светот

  • Владата и синдикатот пред договор

  • Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра

  • Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2026 Сител Телевизија