Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Импресум
  • Маркетинг
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Македонија
8. July 2019 - 8:21

Седници на пет собраниски комисии

Tweet

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска закажани се седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак ќе расправаат по Годишниот извештај за работа на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2018 година

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за изменување на Законот за прекршоците во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2018 година.

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледаат измените на Законот за прекршоците, на Законот за празниците во Република Македонија, Барањето за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Законот за административни службеници поднесено од градоначалникот на Општина Карпош, Барање за давање на автентично толкување на член 83 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесено од пратеникот Никола Мицевски, Барање за давање на автентично толкување на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесено од градоначалникот на Општина Радовиш и Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање. 

 
 
Tweet

Македонија

  • Второ убиство во Ѓорче Петров

  • Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“

  • Дигиталното насилство како реална опасност

Популарно од Македонија

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си...

    27.10.2026
  • 81-годишна жена починала откако била прегазена од...

    27.10.2026
  • Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно...

    27.10.2026
  • Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо...

    27.10.2026
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска

  • Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот

  • Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче

  • 81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил

  • Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

  • Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор

  • Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер

  • Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2026 Сител Телевизија